Вести/Настани

Настани и Вести

Активно работиме на следните чекори во рамки на подготвителната фаза на Еразмус + проектот.

 

Активно работиме на следните чекори во рамки на подготвителната фаза на Еразмус + проектот. Денес имавме заедничка средба со нашата драга соработничка и искусна партнерка Илона Олехлова од чешката организација Mission: Reconnect која ни дава огромна поддршка во градење капацитетите на тимот кога се работи за спроведување на КА1 проект.

Стоп за брзата мода. Поддржете ги занаетчиите и занаетчиските претпријатија - Разговор со Катерина Златановска Попова

Стоп за брзата мода. Поддржете ги занаетчиите и занаетчиските претпријатија - Разговор со Катерина Златановска Попова.

Погледни тука

На 08.11.2024 МАТА ќе реализира бесплатна обука со наслов: „Спремност за настап на пазар – Вештини за успех за креативци“

 

На 08.11.2024 МАТА ќе реализира бесплатна обука со наслов:

„Спремност за настап на пазар – Вештини за успех за креативци“

Обуката ќе ја води Весна Аврамовска, ко-основач на МАТА и реномиран експерт и долгогодишен обучувач

Настанот е дизајниран за да им помогне на креативците, дизајнерите и сопствениците на микро и мали креативни бизниси да ги зајакнат своите вештини за пазарно позиционирање и да ја зголемат својата конкурентност. Целта е учесниците да стекнат практични вештини и знаења кои ќе им помогнат да изградат стабилни основи за својот бизнис, да ги зголемат своите продажни можности и да го осигураат својот успех на динамичниот пазар.

Дата и време: 08.11.2024, петок, од 12.00 – 16.00 часот

Локацијата е: Млади Хаб, Скопје

Ул. Димитрие Чуповски бр.7 (на Рекорд)

Местата се ограничени и доколку сте заинтересирани, ве молиме да ја пополните апликацијата на следниот линк https://forms.gle/rT2AaZx4SdMvH6ep8

Изборот на учесници ќе биде прв пријавен, прв услужен.

Утринско гостување во ТВ Алфа на тема "Доживотно учење".

Утринско гостување во ТВ Алфа на тема "Доживотно учење".

Погледни тука

Интервју со Катерина Златановска Попова - Еразмус+ проект „Стоп за брзата мода“

Интервју со Катерина Златановска Попова - Еразмус+ проект „Стоп за брзата мода“

Погледни тука

Започна новиот проект „Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија“

 

Со гордост ви го најавуваме почетокот на нашиот нов проект во рамки на Еразмус+ програмата кој е поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност! Проектот „Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија“ со бр.2024-1-MK01-KA153-YOU-000216990 има за цел да ги зајакне младинските работници со алатки за управување со стресот, подобрување на менталното здравје и развој на лидерски вештини преку методи базирани на уметност и движење. За неколку месеци, во Скопје ќе ги пречекаме учесниците од нашите партнер организации од Србија, Бугарија, Турција и Чешка и ќе реализираме 5 дневна работилница исполнета со креативност и искуствено учење. Првите подготовки се во тек, и денес ви го претставуваме логото на проектот. Останете поврзани со насза да дознаете повеќе за нашите активности во рамки на овој проект.

Започнува ерата на одржливиот стил: Придружете се на модната промена!

Започнува ерата на одржливиот стил: Придружете се на модната промена!

Прочитај повеќе
Agenda for Webinar 16.10.2024 - "Join Fashion Revolution - Stop Fast Fashion"

Meet your hosts "Join Fashion Revolution - Stop Fast Fashion"

International Webinar "Join Fashion Revolution - Stop Fast Fashion"

 

We are pleased to invite you to an International Webinar "Join Fashion Revolution - Stop Fast Fashion" hosted by FERI Fundacja Edukacji, Rozwoju i Innowacji from Poland, and MATA Skopje from Macedonia as part of the Erasmus 2024 Programme Days, #ErasmusDays2024 in the framework of the Erazmus+ project SUSTAINABLE FASHION – “STOP FAST FASHION” n° 2023-2-PL01-KA210-VET-000174365.

Save the date: 16.10.2024 from 19:00 - 20:30 and meet inspirational designers and NGO representatives who will share their stories on sustainable fashion.
Meet us on ZOOM:
https://us06web.zoom.us/j/89131097645...
Meeting ID: 891 3109 7645
Passcode: 324387
Get inspired and learn new practical ways to be always fashionable, and at the same time environmentally conscious.
Бавна мода Натпревар во блогирање/влогирање - Упатства за учество

 

Бавна мода

Натпревар во блогирање/влогирање - Упатства за учество

  1. Целта на натпреварот
    Целта на натпреварот е да се промовира одржлива мода преку блогови (Blogs) и видео блогови (Vlogs) кои ги документираат искуствата на учесниците за одржлива мода. Ги охрабруваме учесниците да споделат свои сознанија за капсиларна облека, етички модни брендови и совесни шопинг практики. Натпреварот е дел од Еразмус деновите 2024, #ErasmusDays2024.

 

 

  1. Право на учество
    Натпреварот е отворен за сите поединци ширум Европа кои се заинтересирани за одржлива мода. Учесниците мора да имаат најмалку 18 години.

 

 

  1. Категории
  • Блогирање: Пишани статии за блогови.
  • Влогирање: Видео содржина на платформи како YouTube, Vimeo, итн.

 

 

  1. Теми на натпреварот

Натпреварувачите може да се креираат содржини (но не се ограничени) на следниве теми:

  • Капсуларна облека: Како да се изгради минималистичка, функционална гардероба (мала, внимателно избрана колекција на облека која може да се избира и комбинира за да се создадат разни комбинации. Идејата зад капсуларната облека е да се поедностави вашиот избор на облека, да се намали нередот во вашиот плакар и се фокусира на квалитет наместо на квантитет.)
  • Етички модни брендови: Презентација и преглед на брендови кои се фокусираат на еколошки и етички практики.
  • Совесно купување: Совети и сугестии за совесно купување на облека.

 

 

5. Правила за учество

  1. Создавање содржина:
    • Блог: Статиите треба да имаат најмалку 800 зборови и мора да бидат автентични. Треба да се наведат извори и референци.
    • Влог: Видеата треба да бидат со времетраење од 3 до 10 минути. Содржината треба да биде автентична, добро уредена и визуелно привлечна.

!!! НАПОМЕНА: Дозволена е максимум една (1) пријава по лице.

2.Насоки за пријавување:

  • Блог: Испратете ја статијата во форма на .doc, .docx, или .pdf документ на е-поштенската адреса: fundacja@feri.org.pl со наслов „Slow Fashion Contest“.
  • Влог: Испратете го линкот од видеото на Ј YouTube, Vimeo, или друга јавна платформа на е-поштенската адреса: fundacja@feri.org.pl со наслов „Slow Fashion Contest“. Како алтернатива, можете да го испратите видео документот во .mp4 формат.

 

3. Краен рок за пријавување:

  • Пријавите мора да се поднесат најдоцна до 2 октомври 2024 година, до 16:00 часот по средноевропско време.

 

4.Форматирање:

  • Блогови: Користете стандардна големина на фонт (12 pt), проред од 1,5 и едноставно форматирање.
  • Влогови: Видеата треба да бидат во HD резолуција (720 пиксели или повеќе).

 

5.Јазик:

  • Статиите и видеата мора да бидат на англиски јазик.

 

 

  1. Критериуми за пријавување
  • Автентичност и креативност: Колку се креативни и привлечни содржините? 10 поени максимум
  • Релевантност: Колку пријавената содржина се држи до темата на натпреварот? 10 поени максимум
  • Квалитет: Дали статијата е напишана на јасен и едноставен јазик и дали успешно ја претставува темата? Дали видеото е добро уредено и изработено? 10 поени максимум
  • Впечаток: Колку може содржината да ѝ остави впечаток на публиката во поглед на одржливата мода? 20 поени максимум

 

 

  1. Награди
  • Најдобрите две дела ќе бидат прикажани на вебинар на 16 октомври 2024 година.
  • Најдобриот материјал ќе биде прикажан на завршната конференција во Полска (јуни/јули 2025 година).

 

 

  1. Согласност за објавување

Секој учесник се согласува содржината да му биде објавена на веб-страниците на проектот и во промотивни материјали, вклучувајќи платформи за социјални медиуми и публикации од проектот.

 

 

  1. Авторско право
  • Секој учесник мора да биде автор на својата поднесена содржина.
  • Не е дозволено копирање или плагијаризам на туѓи дела.

 

 

  1. Лични податоци

Со поднесување на пријава, секој учесник дава согласност за обработка на своите лични податоци за цели поврзани со натпреварот. Податоците ќе бидат искористени само за контактирање на учесниците и за активности поврзани со натпреварот и нема да бидат споделени со која било трета страна без согласност на учесникот.

Според член 6(1)(а) од Регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на приватноста на лицата во однос на обработката на личните податоци и за слободна дистрибуција на таквите податоци и за укинување на Директивата 95/46/ЕЗ (Регулатива за генерална заштита на податоците), секој учесник дава согласност за обработка на своите лични податоци содржани во апликацијата за „Slow Fashion Contest“.

Учесниците потврдуваат дека:

  • Контролор на личните податоци е Фондацијата за образование, развој и иновации, со адреса на ул. „Закопјанска“ бр. 156, Краков, Полска, контакт телефон: +48 501 375 960, е-пошта: fundacja@feri.org.pl.
  • Контролорот на личните податоци има назначено Офицер за заштита на личните податоци, кој може да биде контактиран на е- адресата fundacja@feri.org.pl за сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
  • Личните податоци ќе се обработуваат исклучиво за потребите на спроведување на овој натпревар и за промовирање на поднесоците на натпреварот.
  • Личните податоци ќе се обработуваат само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани, вклучувајќи го времето потребно за архивирање на проектни документи и секоја потенцијална ревизија поврзана со Еразмус+ проектот.
  • За секое физичко лице постои право на достап, коригирање, бришење (каде што е дозволено со закон) или ограничување на обработката на своите лични податоци, или право на приговор против обработката и поднесување жалба до надзорен орган, како и право на преносливост на податоците.
  • Личните податоци нема да бидат пренесени до земји надвор од Европската економска заедница или до меѓународни организации.

Податоците на учесниците ќе бидат обработени како што е опишано на следниот линк: https://webgate.ec.europa.eu/erasmus-esc/index/privacy-statement

 

 

  1. Интегритет на содржината

Поднесените содржини мора да бидат веродостојни и без навредливи или несоодветни материјали. Целата содржина мора да биде релевантна за темата на натпреварот.

 

 

  1. Дисквалификација

Организаторот на натпреварот го задржува правото да го дисквалификува секој учесник што ги прекршува правилата на натпреварот или не се држи до темата на натпреварот. Одлуката на организаторот за дисквалификација е конечна и необжалива.

 

 

  1. Потврда

Со поднесување на пријава, учесниците потврдуваат дека ги прочитале и се согласуваат со горенаведените услови.

 

 

  1. Прашања и контакт
    За какви било прашања, Ве молиме контактирајте нè на: fundacja@feri.org.pl
    Можете да ни поставите прашања на полски, македонски или англиски. Одговараме во рок од 3 работни дена.

 

Започнете го вашето патување кон одржлива мода и покажете му на светот како се комбинира стил со одговорност!

 

Стоп за брзата мода

 

 

 

Возбудени сме што можеме да објавиме дека нашиот нов проект и официјално e отпочнат! Имавме фантастичен, информативен и инспиративен почетен состанок со нашите членови на тимот од МАТА и нашиот координатор, полската организација ФЕРИ, а за време на посетата следуваше и продуктивна сесија за планирање. Со потпишувањето на договорот, ја потврдивме нашата посветеност на овој проект. Како дел од проектот „Стоп за брзата мода“ во рамки на Еразмус + програмата, возбудени сме што ќе имаме прилика да учествуваме во креирање на позитивно влијание за пошироката заедница.

 

Останете во тек со новостите за нашиот напредок!

Светот се подготвува за професиите на иднината, а ние сѐ уште се занимавме со „дали ќе ми стигнат пари до крајот на месецот“ – Подкаст со Катерина Златановска – Попова, Советник за развој на кариера

Светот се подготвува за професиите на иднината, а ние сѐ уште се занимавме со „дали ќе ми стигнат пари до крајот на месецот“ – Подкаст со Катерина Златановска – Попова, Советник за развој на кариера

Слушни тука
Твојата кариера во твои раце!

 

 

МАТА Скопје во соработка со Франкофонскиот центар за вработливост и Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ во Скопје започнаа обука за развој на вештини за вработливост „Твојата кариера во твои раце!“

Практична, динамична и искуствена, програмата и ќе им овозможи на студентите едно поинакво планирање на сопствената кариера и ќе им помогне да постават конкретни цели на патот кон остварување на нивните соништа.

МАТА е домаќин на студиска посета на организацијата Ecohoryzont од Полска

 

 

Од 16 октомври 2023 година, МАТА е домаќин на студиска посета на организацијата Ecohoryzont од Полска. Задоволство е да ги претставиме нашите најдобри практики и пристапи кога станува збор за рециклирање и повторна употреба на различни материјали како текстил, дрво и стакло. Беше одличен момент да се презентира работата на МАТА, Центар за социјални претпријатија, Ребел, Центарот за интеграција и поддршка ЦИП, како и нашата Македонска традиција и култура.

Креативно размислување (Out of the Box) и решавање на проблеми

 

На 2 март, 2023 година, во соработка со Центар за истражување, развој и континуирано образование – ЦИРКО и Машинскиот Факултет, Скопје во рамки на проектот ФабЛаб, Катерина Златановска Попова, својата нова улога како Претседателка на МАТА ја започна со реализација на работилница за студентите на тема: Креативно размислување (Out of the Box) и решавање на проблеми

18ти КРАФТАРТ ФЕСТ 2022, Сити Мол, Скопје
 

По две пандемиски години, љубителите на рачните изработки одново можат да ги најдат совршените подароци на едно место. Селекција од рачно направени производи за подароци и разни додатоци за сезонава, од повеќе од 20 производители ќе бидат достапни за продажба од 10 до 22 часот овој викенд, 24 и 25 декември, 2022. Покрај оригиналните парчиња накит, рачно изработени чанти и модни додатоци и украси за домот, на секој штанд ве очекуваат мајсторите на занаетот лично со кои можете да си размените збор два и да ја дознаете нивната приказна, љубовта преточена во нивната креација како и начинот на создавање на секое едно парче и производ.

https://www.expres.mk/staruvashe-18-tiot-kraftart-fest-vo-skopje-siti-mol/?fbclid=IwAR0ZxVfQQX2S7PPy02XY9MrOBHatXpth9CSP7plM2zSjiW2EvZHAoD1QphE_aem_AfYBROfcRmhsz64VTpOiFzoTTDRJSeq6wegWHwv_VYSVWvpLvhUgXb3I3_5er8QoZxCVbaLpLXGsRvlKtZca71Bw
17ти КрафтАРТ Фест
     

И прв годишен онлајн базар на уникатни, рачно изработени производи за подароци, новогодишни украси, додатоци за уредување на домот, модни додатоци ... и уште многу други работи...

Организатори: MATA и GROUPER

времетраење: 03.12 – 31.12.2020

https://preview.mailerlite.com/m6a6a7   https://grouper.mk/tag/craft

Отворете ги линковите погоре и одберете омилена изработка за себе или пак одберете подарок кој ќе го подарите овие празнични денови.

Купувајте без гужви, со онлајн нарачки и достава до посакуваната локација или подигнување на производите, КУПУВАЈТЕ ОД ДОМА, БЕЗБЕДНО

Да ги поддржиме малите креативни бизниси, дизајнерите, занаетчиите, уметниците!

16ти КрафтАРТ Фест 2019, Хотел АРКА

Дата: 1 декември, 2019
Време: 10:30 – 20:00 часот

Би сакале да ве поканиме на овогодишниот КрафтАРТ Фест во Хотел Арка, на 7ми кат, во Старата скопска чаршија.
Повеќе од 30 креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават со рачно направени производи и додатоци, меѓу кои рачно изработен накит, производи од стакло, чанти, модни додатоци и многу, многу повеќе…
Се надеваме дека ќе бидете во можност да ни се придружите и истовремено ќе помогнете да се прошири оваа вест меѓу вашите колеги и пријатели.
Производите ќе бидат на продажба од 10:30 до 20 часот.
Сите сте добредојдени и со нетрпение Ве очекуваме.

Организатор: МАТА

Партнер: Хотел АРКА

Подржано од Град Скопје

Пријава и услови за учество 2019

15th CraftART Fest 2018, Hotel ARKA

Дата: 9 декември, 2018
Време: 10:00 – 20:00 часот

Би сакале да ве поканиме на овогодишниот КрафтАРТ Фест во Хотел Арка, на 7ми кат, во Старата скопска чаршија.
Повеќе од 30 креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават со рачно направени производи и додатоци, меѓу кои рачно изработен накит, производи од стакло, чанти, модни додатоци и многу, многу повеќе…
Се надеваме дека ќе бидете во можност да ни се придружите и истовремено ќе помогнете да се прошири оваа вест меѓу вашите колеги и пријатели.
Производите ќе бидат на продажба од 10 до 20 часот
Сите се добредојдени и со нетрпение ве очекуваме.

 

Организатор: МАТА
Партнер: Хотел АРКА

КОНКУРС ЗА ДИЗАЈН НА СУВЕНИР НА ГРАД СКОПЈЕ - Завршна изложба

18ти октомври, 13 часот
КОНЦЕПТ 37, Рузвелтова 37, 1000 Скопје

Цел на овој конкурс е зајакната и подобрена понуда на сувенири за Град Скопје, во функција на подобрен имиџ на Градот, преку креирање на нова понуда на сувенири.

Истовремено, прку овој конкурс се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на модерни и во духот на времето сувенири.

Kреирањето на сувенирите во современите туристички понуди, веќе не е само во рацете на стихијната креација на занаетчиите и ракотворците, туку сè повеќе е резултат на јасно дефинирани дизјнерски и маркетинг активности кои го создаваат имиџот, промовираат и презентираат градот, со цел на подолги патеки да се изгради и создаде бренд на Град Скопје. Големото Јаболко (Њу Јорк), Златната Прага (Прага), Градот на седумте ридови (Рим), се само мал дел од убавите примери на јасно изграден бренд за градот.

Конкурсот е организиран од Здружение на граѓани МАТА – Скопје, со финансиска поддршка на Град Скопје - Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации