Сегашни проекти

1. Име на проектот: Центар за креативни индустрии
“Creative Industries Centre” (CIC)
Локација Скопје, Македонија
Временска рамка Септември, 2009 – Декември, 2013
Партнери Градот Скопје, Музеј на Град Скопје
МАТА (Македонска Артисанска Трговска Асоцијација), Скопје
Имплементатор МАТА (Македонска Артисанска Трговска Асоцијација), Скопје
Цели
  • Реафирмирање на традиционалните занаети и нивно адаптирање на потребите на пазарот
  • Менторство на локалните занаетчии во надминување на недостатокот од познавање на современите технологии и дизајн
  • Подобрување на вештините на занаетчиите во завршна обработка и производство на квалитетен производ
  • Помагање во продажбата
  • Промовирање на секторот со помош на современи маркетиншки алатки
Активности Ќе се направат напори за креирање услови за развој и на други сегменти од креативните индустрии, како што се дизајн, архитектура, уметност, моден дизајн, рекламирање, изведувачки уметности и издаваштво.

1. Адаптирање и опремување на центарот со цел спроведување на планираните активност

2. Развој на тренинг модели и имплементирање на тренинг програми

3. Развој и имплементација на дизајн менторинг програма

4. Развивање на партнерства и соработка со соодветните образовни установи

5. Дизајн и имплементација на маркетинг сервиси

6. Оформување на лабораторија со следните активности: компјутерска лабораторија, библиотека, мали работилници и продавница

7. Промотивна кампања за центарот