Дора Нова

Дора Нова

Корпоративни подароци и декорации, накит, лиење на метали

Трите сестри, Марија, Елена и Ивана продолжуваат по стапките на семејната традиција, работејќи рамо до рамо во малата работилница. Произведуваат лиени фигури од бронза и сребро, прекрасен накит изработен во филигран техника и лиење, реплики на стари пари, крстови, декоративни кутии, при што употребуваат различни техники на завршна обработка

Контакт:
Електронска пошта: doracontact@gmail.com

МАГИЧНО СТУДИО КРИСТИНА

МАГИЧНО СТУДИО КРИСТИНА

облека, модни додатоци, накит, украси за домот

МАГИЧНО СТУДИО КРИСТИНА стартува официјално со работа на 01 септември 2013 година. Кристина рачно изработува обека, модни додатоци, накит и украси за домот. Користејќи разни техники на плетење и ткаење, таа создава производи во кои преовладуваат етно мотиви. Како материјал за работа користи волна, памук и други природни мстеријали во комбинација со монистра, кристали, полудраги камења од кој се издвојува килибарот како и бакар и сребро. Најпознат препознатлив и впечатлив производ е ќустекот со етно мотиви кои се дел од традиционалната македонска носија.

Контакт:
Еектронска пошта: studiomahicnopletivo@yahoo.com
Fb.Студио Магично Плетиво
Телефон: +389 (0) 72735273

Светлана Ивановска

Светлана Ивановска

дизајн и производство на накит

Светлана дизајнира накит употребувајки различни материјали и техники при изработка на своите прстени, ланчиња, украси за коса и друго. Љубовта кон природата и геометриските форми ја пренесува и на својот накит, изразувајќи форми на листови, цветови, квадрати, кругови, ромбови и слично. Жицата како материјал е присутна во секое парче, кое е посебно, моќно и префинето… со еден збор волшебно

Контакт:
Електронска пошта: svetlana6969@gmail.com
FB : Art studio S
Instagram: ivanovska.svetl ana

Ели‘с асесорис

Ели‘с асесорис

Накит, модни додатоци

Елена и Станка комбинираат креативност и вешти раце за да произведат атрактивни производи. Прават широк спектар на производи, благодарејќи на различните материјали кои ги користат: кристални камчиња, Мурано стакло и перли, текстил… Комбинирајќи ги овие материјали произведуваат огрлици, нараквици и обетки. Се истакнуваат особено со чантите и каишите направени од мека кожа, филц, природна свила, кадифе, декорирани со природни камења, чипки и везови, перли, срма и ширити, создавајки современи дизајни

Контакт:
Е-маил:elena.gjurceska@gmail.com

Андреј Бартлинг Студио

Андреј Бартлинг Студио

Дизајн и изработка на накит

„Дизајнирањето и изработувањето на накит ми представуваат предизвик уште од 2003година, кога впрочем почнав да го изучувам овој прекрасен занает во погонот на Златара Рубин. Под будното око на мајсторите на занаетот започнаа да се појавуваат првите парчиња накит изработени во филигранска техника, проткаени со современ дизајн и линии. Со текот на времето, како се усовршував во изработката на накитот, се менуваше и дизајнот. Денес накитот кој го изработувам е современ, секое парче има своја приказна, понекогаш е со остри линии, збогатен со различни материјали,г орски кристали,с таклен емајл и монистри, текстил…,

се со цел да биде единствен и да измами насмевка“.

Контакт:
www.bartling.com.mk
fb: Andrej Bartling Studio