Андреј Бартлинг Студио

Андреј Бартлинг Студио

Дизајн и изработка на накит

„Дизајнирањето и изработувањето на накит ми представуваат предизвик уште од 2003година, кога впрочем почнав да го изучувам овој прекрасен занает во погонот на Златара Рубин. Под будното око на мајсторите на занаетот започнаа да се појавуваат првите парчиња накит изработени во филигранска техника, проткаени со современ дизајн и линии. Со текот на времето, како се усовршував во изработката на накитот, се менуваше и дизајнот. Денес накитот кој го изработувам е современ, секое парче има своја приказна, понекогаш е со остри линии, збогатен со различни материјали,г орски кристали,с таклен емајл и монистри, текстил…,

се со цел да биде единствен и да измами насмевка“.

Контакт:
www.bartling.com.mk
fb: Andrej Bartling Studio

Љубица Антевска

Љубица Антевска

Текстил, модни додатоци

Љубица експериментира со различни расположливи материјали за да произведе уникатни парчиња на облека и модни додатоци, како капи, шалови, чанти, елеци, ракавици и др. Експериментира и со различни техники, како плетење, хеклање и филцување со различни природни материјали и во различни стилови. Куриозитет на нејзиното текстил-арт студио претставува производството на „нуно“ и „шибори“ филц, што подразбира соединување на различни природни материјали (свила, памук, волна) со специфична технологија, при што се добиваат уникатни дела со естетска и употребна вредност

Контакт:
Електронска пошта: bubask_mk@yahoo.fr
Fb: https://www.facebook.com/bubaarts/