Љубица Антевска
Текстил, модни додатоци
Љубица експериментира со различни расположливи материјали за да произведе уникатни парчиња на облека и модни додатоци, како капи, шалови, чанти, елеци, ракавици и др. Експериментира и со различни техники, како плетење, хеклање и филцување со различни природни материјали и во различни стилови. Куриозитет на нејзиното текстил-арт студио претставува производството на „нуно“ и „шибори“ филц, што подразбира соединување на различни природни материјали (свила, памук, волна) со специфична технологија, при што се добиваат уникатни дела со естетска и употребна вредност
Контакт:
Електронска пошта: bubask_mk@yahoo.fr
Fb: https://www.facebook.com/bubaarts/