Шадија Дервишевик
Производи од филц и текстил
Поинаква перцепција на реалноста, тенденција за преобразба, спонтаност и необичност е карактеристика за брендот Wool ART. Во креативниот процес без ограничувања, се користи волна во комбинација со други природни материјали. Комбинирајќи ја старата техника за изработка на сув и мокар филц со други техники на рачно и машинско шиење, везење, шибори техника на боење, се создаваат разни текстури и облици на крајниот изглед на производот: капи, чанти, накит, перници и друго.
Контакт:
Електронска пошта: sada_der@hotmail.com