Тековни проекти
ИМЕ НА ПРОЕКТ: Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија
Време за спроведување: 01.10.2024 – 31.07.2024
Бр. на проект: 2024-1-MK01-KA153-YOU-000216990
Координатор на проектот: MATA Скопје
Партнери: Universe 8 Foundation – Бугарија, Türk Psikoloji Öğrencileri Çalışma Grubu (TPÖÇG) – Турција, Mission: Reconnect, z.s – Чешка, Edukacija za budućnost Praskozorje - Србија
За проектот:
Проектот „ Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија“ има за цел да ги постигне следните цели со намера подобрување на благосостојбата на младите и на оние кои работат со нив:
- да им обезбеди алатки и методи на младинските работници кои ќе можат да ги користат за справување со стресот и анксиозноста и за превенција од прегорување;
- да ја зголеми способноста на младинските работници да вклучат активности засновани на движење и уметност, особено танц, како алатка за подобрување на физичкото и менталното здравје, зголемување на нивната отпорност, и истовремено развивање на лидерски, тимски и комуникациски компетенции;
- да ги зголеми компетенциите на младинските работници со нови работни практики, методи и алатки фокусирани на подобрување на менталното здравје и благосостојбата на младите, намалување на нивниот стрес и анксиозност, и поддршка на развојот на компетенциите на младинските работници;
- да поддржи споделување на практики меѓу земјите учеснички кои се справуваат со прашањата на отпорност, управување со стрес, лидерски вештини и благосостојба во врска со користење на методи засновани на уметност и движење;
- да создаде простор за изнаоѓање нови идеи за локални и меѓународни младински проекти и да го зголеми квалитетот на младинската работа преку конзорциумот;
- да ги сподели научените лекции надвор од конзорциумот преку онлајн (интервјуа) и директни активности во заедниците на учесниците.
Проектот „ Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија“ ќе вклучи една 5 дневна меѓународна обука за професионален развој која ќе обедини 20 учесници претставници на Северна Македонија, Бугарија, Србија, Чешка и Турција.
Конзорциумот планира да вклучи учесници со следните профили:
- младински работници, едукатори и лидери кои имаат потреба од развивање на своите компетенции за да можат да дизајнираат и испорачуваат квалитетни младински активности на локално, национално и меѓународно ниво, кои се справуваат со анксиозност и стрес и придонесуваат за подобрување на менталното здравје и благосостојбата;
- младински работници, едукатори и лидери кои имаат потреба да се запознаат со алатки и методи првенствено засновани на движење на телото (танц), користејќи арт-терапија која се смета за иновативна во контекстот на нивната работа и да ги зголемат нивните способности да ги користат овие методи во нивната работа со млади луѓе, вклучувајќи ги и оние со помалку можности;
- оние кои имаат потреба од нови импулси кои ќе им овозможат да растат како младински работници, едукатори и лидери, да ги разберат подобро своите силни страни и оние кои треба да ги подобрат, да дискутираат за заеднички предизвици и да воспостават систем за поддршка, вклучувајќи и други младински работници, партнерства и мрежи;
- со мотивација да работат на разоткривање на стереотипите поврзани со менталното здравје и благосостојбата на младинските работници и младите луѓе, да вклучат нови алатки и методи во својата работа и да го зголемат квалитетот на активностите што ги спроведуваат;
- со различен спектар на искуства (од почетници до искусни младински работници, кои работат со млади повеќе од пет години);
- со интерес за работа во интеркултурни мешани групи, способност за комуникација на англиски јазик, способност за учество во подготвителните активности и меѓународните активности и активно учество во периодот на следење и учество во организирање на локални активности;
- на возраст од 22 години или постари.
Влијание и резултати: Влијанието и резултатите на проектот „ Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија “ се фокусирани на неколку нивоа. Прво, проектот има за цел да ги опреми партнер организации со нови алатки и методи кои ќе ја зголемат благосостојбата на нивните младински работници и членови на персоналот, и ќе ги зголеми нивните капацитети за справување со анксиозност и стрес кај младите, истовремено обезбедувајќи им можност за подобрување на нивната благосостојба. Дополнително, проектот ќе биде можност за членовите на конзорциумот да истражуваат иновативни алатки засновани на користење на танц и движење на телото и да ги зголемат нивните капацитети за користење на овие алатки во нивната работа со различни групи на млади, вклучувајќи ги и младите со помалку можности, како алатки за зголемување на нивната самодоверба и самопочит. Понатаму, преку користење на танцот како методологија за развој на лидерство, учесниците ќе се вклучат во динамичен процес кој поттикнува тимска работа, комуникација и адаптабилност. Преку ритмичко изразување и заедничка кореографија, индивидуите ќе научат да водат со пример, да инспирираат други и да се справуваат со предизвици со жилавост и отпорност, на тој начин создавајќи нова генерација на самоуверени лидери. Покрај влијанието врз организациите директно вклучени во конзорциумот, проектот исто така ќе има позитивно влијание врз индивидуите и организациите надвор од конзорциумот кои активно ќе учествуваат во дисеминациските активности и/или ќе бидат дел од активностите за видливост на проектот.
Завршени проекти
Обука за развој на вештини за вработливост за студенти на Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје, поддржана од Франкофонскиот Центар за вработливост реализирана во 10 работилници кои опфаќаа себепроценка, истражување на различни кариери, ИКИГАИ, говор во лифт, претставување на интервју за работа и сл.