Вработени

Македонската канцеларија им овозможува континуирана помош на занаетчиските партнери, обезбедува менторство и водство во развојот на бизнисите, имплементира развој на производи, асистира при проследување и преглед на нарачките, развива локални и извозни маркетиншки стратегии, менаџира секојдневни активности. Со седиште во Скопје, тимот на МАТА се состои од следните членови:

 

Г-дин Зоран Тодоровски, претседателот на МАТА е одговорен за координација на маркетинг планирање и активности, посети и процени на производители, тренинзи и обуки, припрема за учество на трговски саеми, преговарање со клиенти и реализација на нарачки. Тој е исто така водечки ментор на малите и средни претприемништва кои се вклучени во проектот. Исто така е одговорен за вработените во МАТА, фасилитира посети на консултанти, одговорен е за односи со јавноста и односите институциите.


Креативниот директор на МАТА, Весна Аврамовска, им овозможува техничка поддршка на артисаните и групите производители во врска со производство и развој на производи. Одговорна е за планирање и организирање на локалните и меѓународните маркетинг настани, како што се базари и саеми и малопродажните партнерски програми. Исто така спроведува процени на производители, менторства и директни активности од развој на производи со артисаните. Ги организира локалните тренинг активности и придонесува во припремата на промотивните материјали.


Маркетинг менаџерот на МАТА, Суада Статовци е одговорна за имплементација на развој на производи во координација со дизајнери и купувачи, набавка на репро материјали, припрема за трговски саеми и контрола на испораката на нарачки. Како дел од тимот, таа е одговорна за пружање на помош на артисаните и производните групи со техничка поддршка и планирање на производството. Таа им пружа поддршка на меѓународните и локалните консултанти, ја спроведува коресподенцијата со купувачите и координира и организира работилници.


Асистентот на проекти на МАТА, Анета Петровска соработува со сите вработени, на кои им дава поддршка од технички аспект и во маркетинг активностите. Таа исто така ги координира контактите со медиумите и овозможува медиумската покриеност, ја овозможува организацијата на проектната документација, ги креира профилите на артисаните и листите на производи, асистира во организација на настаните.