Мисија и историја

ФАКТИ И МОТИВИ

МАТА (Македонска Артисанска Трговска Асоцијација) e непрофитна организација основана во Македонија во 2005-та година од страна на членовите на локалниот персонал на Aid to Artisans, Inc. (ATA). MATA е формирана како одговор на потребата на ракотворците претприемачи за континуирана помош во стратешките области на изградба на капацитети и застапништво при нивниот обид за надминување на структуралните пречки во занаетчиската трговија во Македонија.

 

ИЗЈАВА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Целта на МАТА е да го поттикне развојот на занаетчискиот сектор во Македонија и да постигне опипливи социјални промени и придобивки за ракотворците, со давање на помош во развој на производ, излез на пазар и изградба на капацитети.

Артисан* – уметнички занаетчија и креативен ракотворец

 

ЦЕЛИ:

  • Да се создадат занаетчиски бизниси и да се развијат капацитетите на ракотворците претприемачи особено во областите на развој на производ и дизајн, маркетинг и продажба.
  • Да се промовира македонскиот сектор на ракотворби на локален и извозен пазар.
  • Да се зајакне координацијата на занаетчискиот сектор со поголеми бизнис асоцијации и неговото претставување во трговски асоцијации.
  • Да се застапува за промени во занаетчискиот сектор и во македонската економија, за да се охрабри порастот на занаетчиските бизниси.
  • Да се ревитализираат традиционалните занаетчиски вештини.
  • Да се соработува со локалните власти при користење на занаетчискиот сектор како извор на економски, социјален и културен развој.