Проекти

Име на проектот: “Проект за креативни бизниси”
Локација Скопје, Македонија
Временска рамка 10 Декември, 2010 – 31 Октомври, 2012
Донатор USAID
Цели Да го поттикне развојот на секторот на креативните индустрии во Македонија, креирајќи можности за постојани вработувања и зголемен приход за креативните микро и мали претприемништва преку:

1. Зајакнување на капацитетот на Центарот за креативни индустрии (ЦИЦ) – Скопје со цел зголемување на бројот на сервисите за компаниите;

2. Овозможување на продуктивно вработување преку работа со невработени, млади и жени со цел започнување сопствен бизнис; и

3. Подобрување на бизнис перформансите на микро и малите претприемништва во секторот на креативните бизниси за да можат успешно да одговорат на барањата на пазарот.

Очекувани резултати 30 нови креативни бизниси ќе бидат основани.

60 нови работни места ќе бидат основани во секторот на креативни индустрии.

Повеќе од 40 линии на модни додатоци и додатоци за во домот ќе бидат дизајнирани и развиени од 30 локални дизајнери.

30 нови портфoлија за производи ќе бидат креирани и 160-200 нови прoизводи развиени.

10-20 креативни микро бизниси ќе го зголемат приходот за 12-25%.

Име на проектот: “European Values in Heritage” (EVAH)
A Project for Awareness-Raising in the Western Balkans
Локација Регион: Џирокастра (Албаниа), Метцово и Јанина (Грција), Призрен (Косово), Охрид и Скопје (Р. Македонија)
Временска рамка 31 Декември 2010 – 30 Јуни 2012
Донатор Европска Унија
Имплементатори Gjirokastra Conservation and Development Organization (GCDO), Албанија

EGNATIA EPIRUS Foundation (EEF), Грција

Academy for Training and Technical Assistance (ATTA), Косово

MATA (Macedonian Artisans Trade Association), Скопје, Македонија

Цели 1. Да се подобри свеста на јавноста за културните и економските вредности на историските јадра и занаетчиството како заедничко Европско наследство

2. Да се подобри свеста и да се изградат капацитетите на оние што донесуваат одлуки, за културните и економските вредности на историските јадра и занаетчиството како заедничко Европско наследство

3. Да се развие синергија помеѓу Цивилните организации кои работат на зачувување на историските јадра, споделувајќи ги европските вредности и стандарди

Очекувани резултати 1. Зголемена свесност на јавноста за културните и економските вредности на историските јадра и занаетчиството како заедничко Европско наследство.

2. Најмалку 40 клучни донесувачи на одлуки на национално, регионално и локално ниво здобиени со знаење и публикации од четири важни полиња поврзани со културното наследство (историски јадра и занаетчиство).

3.Цивилните организации кои работат на историските јадра и занаетчиството имаат креирано функционална мрежа на делување.

Име на проектот: “Мапирање на индустријата на мебел и дрво-преработувачката индустрија”
Локација Скопје, Македонија
Временска рамка Март, 2011 – Јуни, 2011
Донатор SIPPO (Swiss Imports promotion Program)
Резултати 30 компании за производство на мебел и 50 компании од дрво-преработувачката индустрија се претставени на CD-Rom, како база за промоција на оваа индустрија.
Име на проектот: “Процес на развој на производи”
Локација Шкодра, Џирокастра, Албанија
Временска рамка Октомври-Ноември, 2010
Донатор UN Joint Programme Culture and Heritage for Social and Economic Development, UNDP-Тирана, Албанија
Резултати 17 производители учествуваа на сесиите за развој на производи;
59 поединечни производи креирани;
48 колекции имплементирани;
37 мостри комплетирани;
2 субсектори покриени (дрво и текстил).
Име на проектот: Спремност за настап на пазар за занаетчии
Локација Шкодра, Џирокастра, Албанија
Временска рамка Декември 2009
Донатор SNV, Албанија
Резултати 35 учесници ги научија чекорите во развој на нов производ, потребата за разбирање на потребите на муштериите и понудување на решение за истите, употребата на современи алатки за настап на пазарот и воспоставување односи со купувачите на глобалниот пазар.
Име на проектот: Пренесување на занаетчиски вештини
Локација Скопје, Македонија
Временска рамка Ноември 2009
Донатор Академија Италијана
Резултати 12 студенти ги научија основите за производство на филц;
36 производни линии направени.
Име на проектот: Натпревар за сувенир на Градот Скопје
Локација Скопје, Македонија
Временска рамка Октомври 2008 – Март 2009
Донатор Град Скопје, Агенс доо
Резултати 20 дизајнери идентификувани;
3 награди за најдобар дизајн;
15 дизајнери и дизајни претставени на изложба;
1 каталог;
1 продажна изложба;
3 победнички дизајни произведени.
Име на проектот: “Проценка на секторот за домашно ракотворење и креативно занаетчиство ”
Локација 30 локации во Македонија
Временска рамка Април 2008
Донатор SIPPO (Swiss Imports promotion Program)
Резултати 55 микро бизниси од домашно ракотворење и креативно занаетчиство евалуирани.
Име на проектот: Проценка на занаетчискиот сектор во Бутринт и Џирокастра, Албанија
Локација Бутринт и Џирокастра, Албанија
Временска рамка Декември 2007
Донатор Butrint Foundation, UK London
Резултати Опфатени 30 микро бизниси.
Име на проектот: “Мапирање на индустријата на мебел и дрво-преработувачката индустрија
во Македонија”
Локација 30 локации во Македонија
Временска рамка Јуни – Јули 2007
Донатор SIPPO (Swiss Imports promotion Program)
Резултати 50 компании за производство на мебел и 20 компании од дрво-преработувачката индустрија се претставени на CD-Rom, како база за промоција на оваа индустрија
Име на проектот: “Македонскиот занаетчиски сектор – одржливост и
градење доверба преку пазарни поврзувања“
Локација Берово, Куманово, Виница – Македонија
Временска рамка Јануари – Декември 2007
Донатор Norwegian Ministry of Foreign Affairs
Резултати 40 производители присуствувале на базичните бизнис тренинзи;
40 производители присуствувале на напредни обуки;
12 производители на сесиите за развој на производи;
12 линии на производи развиени.
Име на проектот: Тренинг за спремност за настап на пазар на занаетчиите од
Шкодра, Албанија во рамките на проектот
“Зајанкување на жените претприемачи во Северна Албанија“
Локација Шкодра, Албанија
Временска рамка Април – Јуни 2006
Донатор International Labour Office
Резултати 28 производители присутни на сесии за развој на производ и менаџмент;
менторство на 22 производители во развој на производи и подобрување на постоечките колекции;
46 колекции на производи имплементирани;
157 поединечни производи креирани.
Име на проектот: “Спремност за настап на пазар”
Локација Скопје, Македонија
Временска рамка Март – Мај, 2006
Донатор Chemonics International (Kosovo Cluster and Business Support) (USAID funded project)
Резултати Со проектот се овозможи тренинг за бизнис вештини на претставниците на 7 женски асоцијации од Косово.
Име на проектот: “Македонски Културен Идентитет преку рачни изработки-Традиција и иновација”
Локација Тетово, Јегуновце, Истибања – Македонија
Временска рамка Јануари – Декември 2006
Донатор Norwegian Ministry of Foreign Affairs
Резултати 9 ткајачки ги научи традиционалните техники на ткаење;
30 жени поминаа низ основниот тренинг за бизнис вештини;
60 Македонски и Албански жени директно инволвирани во проектните активности;
300 индивидуи остварија индиректна корист од проектните активности;
15 линии на производи се развиени;
6000 индивидуи се запознаа со постигнувањата на проектот;
4000 еуро генерирани од продажба.