Сервиси за поддржување на бизнисите

Развој на производи и дизајн

  • Координација на консултанти за дизајн и поврзување на занаетчиското производство со македонскиот дизајнерски капацитет
  • Имплементација на дизајн
  • Адаптација на производ за зголемена маркетабилност

 

Поврзување со пазарите – Помош во маркетинг

  • Учество на интернационални трговски саеми/базари и подготвителни сервиси за учество на ракотворците
  • Одржување и развој на релации меѓу купувачи и фасилитирање на посети на купувачи
  • Организација на саеми за ракотворби и промотивни настани
  • Претставување на рачно изработени производи за коорпоративни подароци и протоколарни потреби

 

Бизнис обуки – Обука и развој на капацитети

Развој на производи
Подготовка и спроведување на наменски обуки за:

  • Како да се подготват успешни колекции на производи
  • Определување цена и чинење
  • Трендови
  • Контрола на квалитет

 

Маркетинг

  • Подготовка за саеми за ракотворби и интернационални трговски саеми
  • Дизајн на ефективен промотивен материјал
  • Подготовка за извоз: регистрација, документација и транспорт
  • Бизнис комуникација, грижа за купувачот и контрола на квалитет

 

Бизнис, финансиски и административен менаџмент

  • Развој на бизнис план и стратешки растеж
  • Регистрација и податоци за даноци
  • Сметководство и финансиски менаџмент

 

Техничка помош
Обука и имплементирање на практични вештини:

  • Филигран, ткаење, везење, филц

Артисани* – ракотворци и креативни занаетчии

 

ЦИЦ (Центар за креативни индустрии)

Компјутерска лабораторија

Центарот за креативни индустрии (ЦИЦ) располага со компјутерска лабораторија со три десктоп компјутери и еден лаптоп компјутер, LCD проектор и друга опрема потребна за скенирање, печатење и копирање. Лабораторијата исто така располага и со ADSL интернет конекција. Компјутерската лабораторија овозможува различни активности и услуги како што се: интернет комуникација, истражување на пазарот, скенирање, печатење итн. како и технички предуслови за давање и на други услуги за поддршка на креативните бизниси (нпр: советувања за претприемништво, маркетинг, продажба, промоција, развој на производи).

Библиотека

Библиотеката е уште еден сервис на Центарот кој им е достапен на корисниците. Располага со книги и часописи кои се од интерес за креативните бизниси: креативно занаетчиство, применет дизајн, моден дизајн и графички дизајн, маркетинг, промоција и продажба. Библиотеката располага фонд од околу 200 книги и часописи.

 

 

Проверете ги насловите во библиотеката