Шадија Дервишевик

Шадија Дервишевик

Производи од филц и текстил

Поинаква перцепција на реалноста, тенденција за преобразба, спонтаност и необичност е карактеристика за брендот Wool ART. Во креативниот процес без ограничувања, се користи волна во комбинација со други природни материјали. Комбинирајќи ја старата техника за изработка на сув и мокар филц со други техники на рачно и машинско шиење, везење, шибори техника на боење, се создаваат разни текстури и облици на крајниот изглед на производот: капи, чанти, накит, перници и друго.

Контакт:

Електронска пошта: sada_der@hotmail.com

Елиза АРТ – Елизабета Костова

Елиза АРТ – Елизабета Костова

Модни додатоци од филц и текстил

„ Ја сакам природата и уметноста, во слободно време сликам, изработувам накит од бакар и модни додатоци од филц. Женските шапки ми се најинтересен предизвик и инспирација и ги изработувам со посебно внимание, при што се трудам креацијата да биде уникатна и во хармонија со личноста на која и е наменета“

Контакт:
Електронска пошта: kostovaeliza@yahoo.com i
Fb: ElizaArt-Elizabeta Kostova
Телефон: +389 (0) 76 776 403