Дора Нова

Дора Нова

Корпоративни подароци и декорации, накит, лиење на метали

Трите сестри, Марија, Елена и Ивана продолжуваат по стапките на семејната традиција, работејќи рамо до рамо во малата работилница. Произведуваат лиени фигури од бронза и сребро, прекрасен накит изработен во филигран техника и лиење, реплики на стари пари, крстови, декоративни кутии, при што употребуваат различни техники на завршна обработка

Контакт:
Електронска пошта: doracontact@gmail.com

МАГИЧНО СТУДИО КРИСТИНА

МАГИЧНО СТУДИО КРИСТИНА

облека, модни додатоци, накит, украси за домот

МАГИЧНО СТУДИО КРИСТИНА стартува официјално со работа на 01 септември 2013 година. Кристина рачно изработува обека, модни додатоци, накит и украси за домот. Користејќи разни техники на плетење и ткаење, таа создава производи во кои преовладуваат етно мотиви. Како материјал за работа користи волна, памук и други природни мстеријали во комбинација со монистра, кристали, полудраги камења од кој се издвојува килибарот како и бакар и сребро. Најпознат препознатлив и впечатлив производ е ќустекот со етно мотиви кои се дел од традиционалната македонска носија.

Контакт:
Еектронска пошта: studiomahicnopletivo@yahoo.com
Fb.Студио Магично Плетиво
Телефон: +389 (0) 72735273

Декупаж Македонија

Декупаж Македонија

Декоративни производи

Декупаж е техника со која Славица се занимава околу 5 години и таа успева да ја вметне како основа во сите останати, најпознати и најактуелни техники како што се mixedmedia, steampunk, patchwork, sculptural paint…. Работи со нетоксични материјали кои се аплицираат на предмети од дрво, медијапан, стакло, и слично

Контакт:
Електронска пошта: korun80@hotmail.com
fb: Dekupaz-Makedonija
https://www.facebook.com/DecoupageMacedonia/
Телефон: +389 (0) 77667743

МАКОНДИНО

МАКОНДИНО

Декоративни и модни додатоци, сувенири

Макондино е микро бизнис од Скопје, кој се занимава со производство на декоративни производи, часовници, рамки за слики и фотографии, магнети, МЕМО табли, модни додатоци … и многу повеќе. Употребува ласерска машина за сечење и гравирање со која ги иссекува формите, потоа рачно ги бои со нетоксични, еколошки бои, за да на крајот елементите ги спои во прекрасен производ. Во изработката се користат различни материјали, како дрво, шперплоча, филц, медијапан и слично. Креативниот тим на Макондино дизајнира и изработува производи за сопствените уникатни линии на производи, но исто така произведува и производи по желби и идеи на своите купувачи, на кои им дава уникатен, прпознатлив белег

Контакт:
Моника Станојковска
Електронска пошта: stanojkovskamonika@gmail.com
fb: https://www.facebook.com/makondino/
телефон: + 389 (0) 75 477 184