Креативци

Агенс доо

Моника Станојковска

Корпоративни и декоративни подароци, галериски производи, играчки
Агенс работи на повеќе производни полиња, вклучувајќи произвотство, продажба и сервис на печати, производство на сувенири инспирирани од македонската историја како и производи со различна намена на кои се аплицирани месингени и бакарни елементи. Посебен сегмент од нивното производство е линијата на декоративни производи, наречена “Ангел колекција“, која се состои од играчки и дрвени додатоци за домот за деца и тинејџери, со која многу успешно настапуваат на Европскиот пазар веќе неколку години.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Амбиент

Раде Наумовски

Производи од дрво
Амбиент од Демир Хисар е столарска работилница, која е во сопственост на архитектот Раде Наумовски. Се произведуваат висококвалитетни, уникатни делови од мебел, додатоци од дрво за домот и декоративно пакување. Притоа се користи природно дрво, медијапан, иверка и шперплоча со различна завршна обработка.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Анастас Дудановски Посребрени метални рељефи, корпоративни подароци и декорации, галериски производи
Дизајните на Анастас Дудановски се инспирирани од традиционалните мотиви пронајдени во цркви, на народни везови, антички мозаици, старословенски книги, опков на икони. Во неговата работилница во Охрид, тој со техника на исчукување и извлекување, изработува метални посребрени и позлатени апликации за фото албуми, декоративни плакети, нотеси, роковници и многу други прекрасни работи.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Арт Студио АЈГА

Звонко Спасовски

Накит, декоративни додатоци
Звонко прави прекрасен, рачно изработен накит и декоративни предмети од лејки, користејќи уникатна техника на декорирање со пирографија.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Александра Иванова Накит, керамика, подароци и декоративни додатоци
Александра има широка палета на производи, од честитки и магнети, преку плочки со куќни броеви, до невообичаен накит изработен во комбинација на различни материјали, како боена и лакирана керамика, текстилни елементи и филигрански накит. Како теми во нејзините интересни колекции, таа детално ги има разработено фолклорните елементи и религиозните симболи кои ги претставува со впечатливи и живи бои.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Атеље Зограф

Живко Атанасов

Галериски производи
Живко Атанасов ги научил техниките на традиционалното иконо и фреско сликарство како помошник во сликарска школа во Белград во 1983. Слика широк опсег на светци со пигменти од емулзија од јајце на позадина од златна фолија.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Ана Пачемска Текстил, подароци
Замислете си завиткана волна во разни листови, растенија и тревки, која е оставена да стои повеќе од шест месеци. Тоа е начинот на кој производителот Ана Пачемска ја бои волната. Резултат од претходното се длабоки, зрели и постојани бои. Зелената се добива од коприва, кафената од лушпи од ореви, а црната од кората на тополата.

Произведува и филц, плете, влачи и т`кае волна, прави черги.

Роден лидер, таа работи со група на жени во здружението СЕРАФИМ, во малото градче Берово.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Базис

Љубица Антевска

Текстил, модни додатоци
Буба произведува уникатни парчиња на облека и модни додатоци, како капи, шалови, чанти, елеци, ракавици и др. Експериментира и со различни техники, како плетење, хеклање и филцување со различни природни материјали и во различни стилови. Куриозитет на нејзиното текстил-арт студио претставува производството на „нуно“ и „шибори“ филц, што подразбира соединување со специфична технологија на различни природни материјали (свила, памук, волна), при што се добиваат уникатни дела со естетска и употребна вредност.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

БИП-АРТ

Билјана Клекачкоска

Накит
Биби е авангарден дизајнер на накит. Нејзините креативни дизајни претставуваат модерна интерпретација на филигранската техника на старите македонски занаетчии. Овој креативен и талентиран артисан ги проширува границите на производство на филигран, со изненадувачки баланс и убавина. Сите производи се рачно работени, а притоа таа користи претежно сребро, често во комбинација со различни камења и стакленца. Произведува современ накит, вклучувајќи уникатни парчиња како ланчиња, нараквици, брошеви, привезоци, прстени и манжетни.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Карпе Дием

Каролина и Милан Божинови

Македонски народни сувенири, керамика, корпоративни подароци и декорации, модни додатоци, галериски производи и производи од фузирано стакло
Брачиот пар Милан и Каролина Божинови произведуваат рачно и обработена на грнчарско тркало, керамика, во нивното прекрасно домашно студио во село Добрејци, близу Струмица. Во нивната работа се забележува влијание од Азиската грнчарија како и од грнчарија од Швајцарија (родната земја на Каролина),а секако и од традиционалните македонски мотиви. Нивната понуда вклучува садови за послужување, свеќници, чаши, декоративни садови, сцени од Исусовото раѓање и садови во форма на кукли во македонски носии.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Џељо

Џељадин Асани

Зеинула Асани

Филигрански накит
Џељадин Асани и неговото семејство изработуваат прекрасен традиционален филигрански накит во студиото веднаш до семејниот дуќан за накит во Стара Чаршија. Џељадин или “Џељо”, го применува занаетот преку 40 години, а трите негови деца ги следат стапките на татка си и работат со него во дуќанот, создавајќи брошеви, нараквици, привезоци, мали фигури, детализирани пенкала, кутии за прстени и други лични и декоративни додатоци.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Дора Нова

Марија Јовановска

Елена Јовановска

Ивана Јовановска

Корпоративни подароци и декорации, накит, лиење на метали
Трите сестри Јовановски продолжуваат по стапките на семејната традиција, работејќи рамо до рамо во малата работилница. Произведуваат лиени фигури од бронза и сребро, прекрасен накит изработен во филигран техника и лиење, реплики на стари пари, крстови, декоративни кутии, при што употребуваат различни техники на завршна обработка.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

ДСЦ Дизајн

Татјана Соколовска

Стакло
ДСЦ Дизајн ја употребува модерната техника на фузирано стакло во изработка на архитектонски детали и додатоци за во домот. Тие произведуваат чинии, садови за послужување, подметачи за чаши, држачи за салфети и додатоци за на маса, во комбинација на различни бои и уникатни ефекти, како и декоративни архитектонски елементи со големи димензии.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Ели‘с асесорис

Елена и Станка Ѓурчески

Накит, модни додатоци
Елена и Станка комбинираат креативност и вешти раце за да произведат атрактивни производи. Прават широк спектар на производи, благодарејќи на различните материјали кои ги користат: кристални камчиња, Мурано стакло и перли, текстил… Комбинирајќи ги овие материјали произведуваат огрлици, нараквици и обетки. Се истакнуваат особено со чантите и каишите направени од мека кожа, филц, природна свила, кадифе, декорирани со природни камења, чипки и везови, перли, срма и ширити.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Етно Беба

Гордана Митровска

Традиционални македонски сувенири, текстил
Секогаш насмеаната Гордана “Беба” Митровска е сопственик на мала продавница во Куманово каде можете да најдете рачни исткаени шалови, наметки и друг вид на облека, како и кукли во македонски носии, кои што рачно ги изработува нејзиниот сопруг Мирко. Етно Беба исто така изработува разновидни македонски сувенири за различни употреби и цели.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Елизабета, Бети Тасковска Декорации од хартија
Дека креативноста нема граници, потврдуваат прекрасните производи на Бети. Производите се направени од квалиетен материјал со инкорпорирани детали од македонскиот филигран. Нејзиниот иновативен приод, креира бескрајни можности за комбинирање на форми и бои за задоволување на муштерии од различна возраст и со специфичен вкус. Поизведува декоративни кутии од хартија и картони, покани, слики, модни додатоци и друго.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Фадил Латифовиќ -Тито Галериски производи
Тито креира уникатни скулптури од интересни корења и гранки од дрвја, кои ги наоѓа во природата и со неговата имагинација ги пртвора во софистицирани скулптури.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Фамилија Ефремовски Сувенири, Текстил
Производите од филц на ова семејство од Пробиштип се со впечатливи и разиграни бои. Нивната палета е разновидна и започнува со стилизирани кукли во традиционални носии, па се до модни додатоци, подни прекривки, капи, папучи, чанти…

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Женски форум-Тетово

Џане Крешова

Текстил
Женскиот форум-Тетово е невладина, хуманитарна организација, оформена 2001. Составена е од жени со различни вештини и афинитети, како што се плетење, везење, кукичање и ткаење. Асортиманот на производи вклучува килими и черги, ткаени и везени перници, прекривки и чаршави, како и традиционални албански носии.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Филиграника

Илинка Поповска

Накит
Илинка е ориентирана главно на дизајн и производство на накит кој е комбинација на традиционални и современи техники, притоа произведувајќи оригинални уметнички парчиња, како прстени, брошеви, обетки… огрлици, нараквици… орнаменти итн.

Своето основно познавање на филигранскатата техника го има унапредено во „Златара РУБИН“, каде што посетувала пракса повеќе од една година.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Глас&Силвер

Андреј Бартлинг

Накит
Андреј Бартлинг работел со филигран неколку години пред неговата пасија за стакло и сребро да го одведе во Индија. Таму студирал традиционална Индиска техника на работа со монистра. Неговата уметничка вештина е уникатна, успешно комбинирајќи сребрен филигран со компоненти од монистра во обетки, ланчиња, привезоци, алки и прстени.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Годан

Кире Ѓокчев

Мермер, камен
Во неговата куќа во Прилеп, Кире произведува додатоци за во домот од алабастер, гранит и други прекрасни камења ископани во Западна Македонија. Изработува рачки за мебел, табли за шах, софистицирани лампи, вазни и додатоци за во бањите.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Гордијан

Гоце Јандреоски

Дрвени производи, накит
Гоце Јаневски е поранешен столар и дизајнер на домашни интериери. Сега во прекрасното опкружување на неговиот дом во Љубанци, село на падините на Скопска Црна Гора, произведува накит, колекции за на маса и сетови за послужување. Неговите производи се кружно обработени алки и обетки, дрвени чинии, садови и послужавници од бела бука лакирани со природен еколошки лак.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Хаммер

Анка и Миле Перишиќ

Метал, ковано железо
Потеклото на Анка и Миле Перишиќ ја раскажува приказната на регионот. Живеат во Македонија повеќе од 16 години, Миле е Србин, а неговата сопруга Анка е Хрватка. Кога пристигнале во Велес за време на конфликтот, тие почнале од ништо. Ги употребиле своите вештини да изградат бизнис со ковано железо, при што ќе произведуваат капии, огради, мебел, и додатоци за во домот за локалниот, регионалниот и западно – европските пазари. Хаммер нуди маси, постоља за лампи, свеќници, држачи за вино и полици.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Ино Слај

Алесксандар Самарџиски

Дрвени производи
Александар Самарџиски е трета генерација во семејната компанија оформена од иноваторот Јован Станоевски пред 25 години. Растејќи покрај дедото Јован и машините, не можел да остане рамнодушен од она што го работел дедо му, на топлото дрво и начинот на неговата обработка. Производите се уникатни огромни дрвени парчиња изработени на дребонг (вазни, чинии, постоља за маси и ногарки, дрвени табуретки…), но и кутии за вино и многу други дрвени производи. Производството опфаќа распон на производи од класични до современи. Користат локално буково дрво.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Иван Серафимов Корпоративни подароци и декорации, галериски производи
Серафимов изработува прекрасни, дрвени ковчези и декорации со уникатен дизајн. Во неговата артистичка работа

многу често инкорпорира македонски и митолошки мотиви.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Јелица Лазаревска Текстил
Лазареска е енергична сопственичка на работилница која изработува традиционални, рачно извезени свадбени костуми. Нејзините костуми се базираат на албански и македонски шари и вештите напори на албанските жени во Тетово. Таа ја аплицира срмата (конец со метален сјај) како вез на перници, прекривки за на маса и други додатоци за во домот.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Катарина Дода Накит
Катарина живее во Скопје и прави накит користејќи филигранска техника. Таа техника нуди бескрајни можности за изработка на накит, почнувајќи од традиционален метод на производство, до вметнување на модерни елемнти и декорации од скапоцени камчиња. Има учествувано на повеќе изложби и е наградувана за нејзините уникатно дизајнирани парчиња.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Кубур

Милка Кубуровска

Модни додатоци, текстил, подароци
Милка Кубуровска, со око за неконвенционален и уникатен дизајн, го трансформира обичниот памучен материјал и филц во оригинални и удобни китнести влечки, чанти и други декоративни додатоци како украси и подароци. „ Иако продажбата на моите производи започна неочекувано и спонтано пред неколку години, не можам да кажам дека моите раце оддеднаш станаа „креативни“. Мора да се има талент и да се знае вештината. Талентот го имам добиено од мајка ми. Првите влечки ги направив од волница. Волната е инспирирачка, но набрзао сфатив дека „ресловите“ се многу поекономични и потрајни, па продолжив да работам со нив“.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Ласои

Соња Станковиќ

Рачно изработени сапуни
Ласои од Скопје, произведува рачно изработени сапуни и различни козметички производи, за ароматска терапија, кои се потполно природни и без вештачки додатоци. Производите се оригинални и единствени на македонскиот пазар.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Лујза Пенева Фузирано стакло
Лујза користи модерни техники на термо-фузирано стакло за производство на архитектонски детали и производи за секојдневна употреба, како стаклени чинии и декоративни стаклени плочки. Изработува и накит каде што комбинира Мурано и други видови стакло.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Спомен куќа Мајка Тереза

Даница Ангова

Керамика, теракота, корпоративни подароци и декорации, галериски производи
Спомен куќата Мајка Тереза е непрофитна организација. Во малата сувенирница „Малиот цвет“, нудат сувенири инспирирани од наследството на оваа света хуманитарка. Селекцијата на високо квалитетни сувенири е направена во соработка со уметници, скулптори, архитекти, етнолози, дизајнери и артисани. Сите произбоди се направени со стари методи и техники на производство, при што се користат природни материјали, теракота, дрво, текстил итн…

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Макверсал

Бобе Јаневски

Играчки, дрвени производи
За оние кои ги ценат уметничката работа, квалитетот и забавата, Бобе Јаневски и неговата фирма Макверсал од Пробиштип, источна Македонија, нудат одлични колекции на дрвени играчки: слагалици (puzzle) во форма на букви и животни. Секоја играчка е внимателно изработена, со неотровна боја и дизајн целосно безбеден за деца.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Маринови

Славе и Марија Марин

Македонски традиционални сувенири, метални и декоративни производи, накит
Славе Марин како кујунџија претставува трета генерација на занаетчии, следејќи ги стапките на неговиот татко и дедо. Во неговиот дуќан и работилница во Охрид тој нуди избор на бакарни и месингани производи, вклучувајќи сервиси за кафе, садови, свеќници, прстени за салфети, часовници и накит со широк опсег на уникатни сребрени, калаисани и патинирани завршници. Марија Марин како четврта генерација на кујунџии, ја продолжува семејната традиција со нејзиниот уникатен бакарен и месинган накит. Аплицира модерен дизајн на нејзините производи, но сепак го задржува традиционалниот елемент преку материјалот и начинот на обработка.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Марјана Стојковска Македонски традиционални сувенири, кукли во традиционални носии
Стојковска мошне внимателно украсува кукли во традиционални носии од разни краеви на Македонија со автентични и прецизни везови. Нејзините кукли опфаќаат разновидност на стилови и типови на регионални македонски носии, со особено внимание на етничките карактеристики. Куклите на Марјана се сертифицирани од Музејот на Македонија.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Минарт

Армине Пилојан Вртеска

Керамика, теракота, галериски производи, накит
Армине е родена во Ерменија, а сега живее во Скопје.

Нејзината определба да креира парчиња од керамика и рачно изработен накит доаѓа од ерменската традиција и начин на живеење. Армине посетувала уметничко училиште во Ереван за да ја усоврши техниката на моделирање со восок. Прави керамички садови, чаши за вино, соларници, но и огрлици и наушници. Нејзината работа е мешавина од македонски и ерменски мотиви и од културното наследство на двете древни земји.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Национална работилница Св. Климент Охридски

Љупчо Паневски

Хартија и производи од хартија
Заедно со своето семејство, Љупчо Паневски произведува хартија и производи од хартија на традиционален начин. Секој чекор е целосно рачен. Понудата на работилницата вклучува торбички за вино од рачно изработена хартија, картички за подароци, кутии, хартија за бележници, картички и сетови со пликоа и декоративни принтови. Хартијата е направена во широк избор на бои, текстури и мотиви со посебни елементи како суво цвеќе или графики по нарачка печатени на Гутенбергова преса.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

„Охридски бисер“-Фамилија Талеви Климент и син Климент Талев Накит
“Природните бисери имаат рок на траење од 150 години, но Охридскиот бисер трае засекогаш”- вели Климент Талев, чие семејство ја пренесува традицијата од татко на син цели 80 години. Уникатниот охридски бисер се прави од седеф и рачно се обработува до кадифен завршен производ.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Роска и Кирил Василеви Метални рељефи, корпоративни подароци и декорации, галериски производи
Роска и Кирил ја следат традицијата на нивното семејство, креирајќи форми и плакети од чукан и влечен бакарен лим, инспирирани од богатата македонска традиција (традиционални народни носии, археолошки пронајдоци, стари садови за вино и жито, накит итн). Нивното семејство ги произведува овие уникатни производи повеќе од 40 години.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Снежана Донева
„Мојата работа е комбинација од занаетчиски вештини и цртеж. Тоа е манифестација на мојата желба да креирам еден имагинарен свет во кој сакам да ја тестирам мојата имагинација и да ја провоцирам имагинацијата на гледачот. Мојата работа припаѓа на „наивната уметност“, но е одраз на мојата фасцинираност од уметноста и слободата на изразување. Сакам да имам различни стилови на работа. Чувствувам дека така можам подобро да го развијам чувството за боја, форма и композиција“.

Големата желба да црта и одушевеноста од дрвените производи направени од нејзиниот татко, ја инспирираат Снежана да го прави она што го прави веќе 10 години. Произведува уникатни форми од дрво на кои црта уникатни цртежи. Прави и црта часовници, магнети, држачи за моливи и пенкала, дкоративни слики, закачалки.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Сокровиште

Гордана Ристевска

Хартија и хартиени производи
Гордана Ристеска прецизно составува и украсува рачно изработени нотеси, албуми, дневници и рамки за слики. Употребува специјални техники за патинирање со што креира уникатни дизајни во кои вметнува природен елемент или рачна изработка.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Станка Димитрова Текстил и модни додатоци
Станка прави уникатни рачно изработено капи, ракавици, шалови и зимски волнени додатоци. Матреијалите што ги користи се волна и памук. Инспирацијата ја наоѓа во богатиот македонски фолклор и во секојдневното современо живеење.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Стари занаети Македонски сувенири, корпоративни подароци и декорации, галерски производи
Здружението на копаничари Стари занаети од Неготино ја продолжува вековната традиција на регионот. Располага со работилница каде ги обучуваат младите копаничари и ги продаваат своите производи. Учествуваат на изложби и базари. Произведуваат парчиња со длабока и со плитка резба, слободностоечки тродимензионални скулптури, делови од мебел, разни садови, корици за книги и нотеси… Најмногу користат ореово дрво кое го обезбедуваат од локални извори.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Стојанче Костовски Музички инструменти
Најпознатиот произведувач на инструменти во регионот, Стојанче Костовски ја изработува традиционалната македонски гајда, кавал, шупелка, дудук и тапан. Инструментите се достапни во опсег од едноставни до посложени. Секој инструмент е декориран со традиционални мотиви. Тој исто така дава часови за свирење на овие инструменти и е главен свирач на кавал во ансамблот за народни ора „Танец“.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

СЗД Ро-Мано

Казим Скендер, Техамана

Производи од кожа
Ро–Мано егзистира повеќе години на овие простори, Тоа е семеен бизнис во кој се вклучени три генерации. Произведуваат различни модни додатоци, папучи, опинци, чанти и детски обувки.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Витрум

Јанко и Мими Гогушевски

Термо фузирано стакло
Брачниот тим од Скопје создава колоритни ремек дела, од мали додатоци до големи архитектонски инсталации, со модерна техника на термофузирано стакло. Ведрите аранжмани на Витрум формираат рамки за слики и огледала, свеќници, садови, подметачи за чаши, чинии и лампи.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Здружение домакинки на Македонија (ЗДМ)

Лилјана Лакиќ

Традиционални сувенири, модни додатоци, текстил
Членките на ова здружение покажуваат огромна разноликост на вештини за ракотворење. Секоја од нив е крајно вешта во рачна изработка и поседува спектар на таленти за хеклање, плетење, ткаење, везење, цртање на свила, керамика, мозаици. Здружението продава широк асортиман на производи за домашен пазар, и тоа прекривки, навлаки за перници, урамени везени слики, и модни додатоци. Некои од членките имаат работено со неколку европски и американски дизајнери во развој на нови колекции на модни додатоци и додатоци за во домот, новогодишни украси и украси за миленичиња.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Жико-Текс

Живко Анакиев

Текстил
Жико-текс е мала фирма лоцирана во село Оризари, близу Кочани. Во работилницата, на повеќе разбои се произведуваат повеќебојни ткаени теписи и килими – ниско ткаени теписи кои се балканска специјалност, развиена по пример на раните модели на Анадолија. Жико-Текс може да создава дизајни по нарачка или повторно да ги изработи традиционалните мотиви кои имаат универзална привлечност.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk

Здружение на копаничари Копаничарство
Здружението на Копаничари, формирано 1993, претставува околу 200 резбари од сите региони на Македонија. Нивниот репертоар вклучува резбани производи, повеќето од орев. Нивните парчиња презентираат опсег на различни техники- релјеф, скулптура, фина резба- ажур, плитка и длабока резба- со мотиви на светци, икони, флора и фауна Достапни се сите димензии, а вклучуваат иконостаси, парчиња мебел, интериерни елементи, декоративни додатоци и производи по нарачка.

Контакт: vesna.a@matacraft.org.mk