Изјава за печат

Соопштение до медиуми

 

Еднодневна изложба на уметнички занаети и дизајн

 

УСАИД Проектот за Креативни Бизниси, имплементиран од МАТА, организира изложба на уметнички занаети и дизајн во Музејот на Град Скопје, Стара Железничка Станица (платото пред Графичкото Студио)

 

22 Април 2011

 

Со изложбата на креативни занаети и дизајн свечено ќе се одбележи започнувањето на УСАИД Проектот за Креативни Бизниси.

 

Повеќе од 30 македонски креативни занаетчии и дизајнери ќе се престават на еднодневната изложбата што ќе се одржи на 27.04.2011 (среда). Изложбата ќе има и продажен карактер и ќе биде отворена од 10:00 до 17:00 часот.

Во 12:00 часот на присутните ќе им се обрати Почесниот Претседавач на одборот на подржувачи на МАТА, Г-ѓа Солве Рикер, а ќе се обратат и Г-дин Роберт Вурц, директорот на УСАИД Македонија, Љубица Кондијанова, директорот на Музејот на Град Скопје и Панче Јовановски, ректорот на ЕУРМ.

 

Покрај традиционални и современи македонски рачно изработени предмети, на изложбата ќе бидат претставени и дизајнерските дела на студентите на Факултетот за Арт и дизајн при Европскиот Универзитет – Република Македонија.

 

Целодневната изложба ќе биде збогатена и со учество на “Скопските Улични свирачи“ кои ќе ја забавуваат публиката на платото пред Графичкото Студио.

 

УСАИД Проектот за Креативни Бизниси е тригодишен проект, кој има за цел да го поттикне развојот на секторот на Креативните индустрии, преку креирање на можности за вработување и зголемени приходи за креативните микро и мали претприемачи.

МАТА (Македонска Артисанска Трговска Асоцијација) e непрофитна организација основана во август 2005 година со цел да го поттикне развојот на занаетчискиот сектор во Македонија и да постигне опипливи социјални промени и придобивки за ракотворците со давање на помош во развој на производ, излез на пазар и изградба на капацитети.

 

За повеќе информации контактирајте ја Весна Аврамовска на 071 238 957 или на vesna.a@matacraft.org.mk