Конкурс за дизајн на сувенир на Град Скопје, 2018

ПРИЈАВА-20180605

Датум: 05.06.2018 – 01.07.2018

 

КОНКУРС ЗА ДИЗАЈН НА СУВЕНИР НА ГРАД СКОПЈЕ

 

 

Цел на овој конкурс е зајакната и подобрена понуда на сувенири за Град Скопје, во функција на подобрен имиџ на Градот, преку креирање на нова понуда на сувенири.

Истовремено, преку овој конкурс ќе се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на модерни и во духот на времето сувенири.

Kреирањето на сувенирите во современите туристички понуди, веќе не е само во рацете на стихијната креација на занаетчиите и ракотворците, туку сè повеќе е резултат на јасно дефинирани дизјнерски и маркетинг активности кои го создаваат имиџот, промовираат и презентираат градот, со цел на подолги патеки да се изгради и создаде бренд на Град Скопје. Големото Јаболко (Њу Јорк), Златната Прага (Прага), Градот на седумте ридови (Рим), се само мал дел од убавите примери на јасно изграден бренд за градот.

 

Критериуми за оценување:

  • Иновација и креативност
  • Културолошка вредност
  • Практичност и можност дизајнот да се произведе
  • Продажен потенцијал на производот
  • Еколошка издржаност на производот

 

Насоки за подготовка

Заинтересираните за учество на Конкурсот потребно е да достават:

 

  • Пријава – Текст со кој што детално се опишува идејата, инспирацијата, потребата и оправданоста на дизајнот, можност за изведба на дизајнот, материјали од кои се состои дизајнираниот производ, техники и технологии на производство, претпоставена цена на производот, предлог за можен производител, предлог на локации каде би се продавал…
  • Техничка скица за дизајнот (компјутерски или рачно изработена/скенирана како прилог кон пријавата)
  • Скица за подобра визуелизација на предложениот дизајн (компјутерски или рачно изработена/скенирана како прилог кон пријавата)
  • Дизајните мора да се оригинални трудови на оние кои учествуваат на конкурсот.

 

Избор:

Изборот на Конкурсот ќе го изврши Комисија составена од членови на МАТА и афирмирани работници во секторот на Креативни Индустрии. При оценувањето, релевантни ќе бидат погоре наведените критериуми.

 

Награди:

Предвидена е една награда во височина од 20.000 денари.

 

Комплетните пријави во pdf форат треба да се достават на следната Е-пошта: vesna.a@matacraft.org.mk најдоцна до 01.07.2018, со назнака “Конкурс за дизајн на сувенир – Име на апликантот”.

Право на аплицирање имаат сите заинтересирани кои сметаат дека можат да ги исполнат горенаведените критериуми.

Можно е да се учествува со повеќе од една пријава.

Испратените материјали не се враќаат.

Во рамките на Проектот „Конкурс за дизајн на сувенир на Град Скопје“, дел од дизајните ќе бидат реализирани во прототипи.

 

ПРИЈАВА можете да ја превземете на линкот погоре или на следната Е-пошта: vesna.a@matacraft.org.mk

Дополнителни информации може да се побараат на истата Е-пошта

 

Конкурсот е организиран од Здружение на граѓани МАТА – Скопје, со финансиска поддршка на Град Скопје – Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации.

 


лого Ск
MATA-logo-OKT-2012-horiz-samo