Дора Нова

Дора Нова

Корпоративни подароци и декорации, накит, лиење на метали

Трите сестри, Марија, Елена и Ивана продолжуваат по стапките на семејната традиција, работејќи рамо до рамо во малата работилница. Произведуваат лиени фигури од бронза и сребро, прекрасен накит изработен во филигран техника и лиење, реплики на стари пари, крстови, декоративни кутии, при што употребуваат различни техники на завршна обработка

Контакт:
Електронска пошта: doracontact@gmail.com

МАГИЧНО СТУДИО КРИСТИНА

МАГИЧНО СТУДИО КРИСТИНА

облека, модни додатоци, накит, украси за домот

МАГИЧНО СТУДИО КРИСТИНА стартува официјално со работа на 01 септември 2013 година. Кристина рачно изработува обека, модни додатоци, накит и украси за домот. Користејќи разни техники на плетење и ткаење, таа создава производи во кои преовладуваат етно мотиви. Како материјал за работа користи волна, памук и други природни мстеријали во комбинација со монистра, кристали, полудраги камења од кој се издвојува килибарот како и бакар и сребро. Најпознат препознатлив и впечатлив производ е ќустекот со етно мотиви кои се дел од традиционалната македонска носија.

Контакт:
Еектронска пошта: studiomahicnopletivo@yahoo.com
Fb.Студио Магично Плетиво
Телефон: +389 (0) 72735273

Декупаж Македонија

Декупаж Македонија

Декоративни производи

Декупаж е техника со која Славица се занимава околу 5 години и таа успева да ја вметне како основа во сите останати, најпознати и најактуелни техники како што се mixedmedia, steampunk, patchwork, sculptural paint…. Работи со нетоксични материјали кои се аплицираат на предмети од дрво, медијапан, стакло, и слично

Контакт:
Електронска пошта: korun80@hotmail.com
fb: Dekupaz-Makedonija
https://www.facebook.com/DecoupageMacedonia/
Телефон: +389 (0) 77667743

Шадија Дервишевик

Шадија Дервишевик

Производи од филц и текстил

Поинаква перцепција на реалноста, тенденција за преобразба, спонтаност и необичност е карактеристика за брендот Wool ART. Во креативниот процес без ограничувања, се користи волна во комбинација со други природни материјали. Комбинирајќи ја старата техника за изработка на сув и мокар филц со други техники на рачно и машинско шиење, везење, шибори техника на боење, се создаваат разни текстури и облици на крајниот изглед на производот: капи, чанти, накит, перници и друго.

Контакт:

Електронска пошта: sada_der@hotmail.com

МАКОНДИНО

МАКОНДИНО

Декоративни и модни додатоци, сувенири

Макондино е микро бизнис од Скопје, кој се занимава со производство на декоративни производи, часовници, рамки за слики и фотографии, магнети, МЕМО табли, модни додатоци … и многу повеќе. Употребува ласерска машина за сечење и гравирање со која ги иссекува формите, потоа рачно ги бои со нетоксични, еколошки бои, за да на крајот елементите ги спои во прекрасен производ. Во изработката се користат различни материјали, како дрво, шперплоча, филц, медијапан и слично. Креативниот тим на Макондино дизајнира и изработува производи за сопствените уникатни линии на производи, но исто така произведува и производи по желби и идеи на своите купувачи, на кои им дава уникатен, прпознатлив белег

Контакт:
Моника Станојковска
Електронска пошта: stanojkovskamonika@gmail.com
fb: https://www.facebook.com/makondino/
телефон: + 389 (0) 75 477 184

Елиза АРТ – Елизабета Костова

Елиза АРТ – Елизабета Костова

Модни додатоци од филц и текстил

„ Ја сакам природата и уметноста, во слободно време сликам, изработувам накит од бакар и модни додатоци од филц. Женските шапки ми се најинтересен предизвик и инспирација и ги изработувам со посебно внимание, при што се трудам креацијата да биде уникатна и во хармонија со личноста на која и е наменета“

Контакт:
Електронска пошта: kostovaeliza@yahoo.com i
Fb: ElizaArt-Elizabeta Kostova
Телефон: +389 (0) 76 776 403

Керакамика

Kerakamika

 рачно изработена керамика

Зад брендот Керакамика стојат дипломираните ликовни уметници Татјана и Борче Богоевски.

Од 2013год. Одржуваат работилници за керамика за деца и возрасни и изработуваат и дизајнираат уметнички керамички производи. Учествувале на бројни настани, базари, саеми и колонии. Имаат реализирано неколку проекти од областа на културата и од областа на креативните индустрии за развој на уникатни керамички производи.

Основната идеја на овој тим е да направат спој на уметничкото и применливото, односно “Да им внесат душа” на предметите кои нè опкружуваат во секојдневието верувајќи дека така ќе поттикнат процес на една убава трансформација (внатрешна и надворешна).

Материјалите кои ги користат се високо квалитетни, нетоксични и производите се одржуваат во машина за садови.

Техниките кои ги користат се спој на традицијата (грнчарско тркало) и модерната изработка на керамика, секогаш експериментирајќи со тактилни ефекти и материјали за поцелосно уникатно искуство и уживање. Овие мини уметнички дела имаат за цел да им го разубавуваат секојдневието на клиентите и да ги инспирираат постојано.

Контакт:
Мобилен: 075 743 891
e-mail: keramikacafeskopje@gmail.com
fb: https://www.facebook.com/kerakamika/?ref=bookmarks
Кратенка fb: @kerakamika
Инстаграм: https://www.instagram.com/kerakamika/?hl=en
Кратенка за инстаграм: kerakamika
Е-продавница: https://kerakamika.wixsite.com/shop
Веб страна со работилници: http://keramikacafeskopje.wixsite.com/kerakamika

Светлана Ивановска

Светлана Ивановска

дизајн и производство на накит

Светлана дизајнира накит употребувајки различни материјали и техники при изработка на своите прстени, ланчиња, украси за коса и друго. Љубовта кон природата и геометриските форми ја пренесува и на својот накит, изразувајќи форми на листови, цветови, квадрати, кругови, ромбови и слично. Жицата како материјал е присутна во секое парче, кое е посебно, моќно и префинето… со еден збор волшебно

Контакт:
Електронска пошта: svetlana6969@gmail.com
FB : Art studio S
Instagram: ivanovska.svetl ana

Ели‘с асесорис

Ели‘с асесорис

Накит, модни додатоци

Елена и Станка комбинираат креативност и вешти раце за да произведат атрактивни производи. Прават широк спектар на производи, благодарејќи на различните материјали кои ги користат: кристални камчиња, Мурано стакло и перли, текстил… Комбинирајќи ги овие материјали произведуваат огрлици, нараквици и обетки. Се истакнуваат особено со чантите и каишите направени од мека кожа, филц, природна свила, кадифе, декорирани со природни камења, чипки и везови, перли, срма и ширити, создавајки современи дизајни

Контакт:
Е-маил:elena.gjurceska@gmail.com

Станка Димитрова

Станка Димитрова

Рачно плетени производи и модни додатоци

Станка прави уникатни рачно изработено капи, ракавици, шалови и зимски волнени додатоци. Матреијалите што ги користи се волна и памук. Инспирацијата ја наоѓа во богатиот македонски фолклор и во секојдневното современо живеење..

Контакт:
stankatdimitrova@yahoo.com