Вести/Настани

Настани и Вести

15th CraftART Fest 2018, Hotel ARKA

Дата: 9 декември, 2018
Време: 10:00 – 20:00 часот

Би сакале да ве поканиме на овогодишниот КрафтАРТ Фест во Хотел Арка, на 7ми кат, во Старата скопска чаршија.
Повеќе од 30 креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават со рачно направени производи и додатоци, меѓу кои рачно изработен накит, производи од стакло, чанти, модни додатоци и многу, многу повеќе…
Се надеваме дека ќе бидете во можност да ни се придружите и истовремено ќе помогнете да се прошири оваа вест меѓу вашите колеги и пријатели.
Производите ќе бидат на продажба од 10 до 20 часот
Сите се добредојдени и со нетрпение ве очекуваме.

 

Организатор: МАТА
Партнер: Хотел АРКА

КОНКУРС ЗА ДИЗАЈН НА СУВЕНИР НА ГРАД СКОПЈЕ - Завршна изложба

18ти октомври, 13 часот
КОНЦЕПТ 37, Рузвелтова 37, 1000 Скопје

Цел на овој конкурс е зајакната и подобрена понуда на сувенири за Град Скопје, во функција на подобрен имиџ на Градот, преку креирање на нова понуда на сувенири.

Истовремено, прку овој конкурс се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на модерни и во духот на времето сувенири.

Kреирањето на сувенирите во современите туристички понуди, веќе не е само во рацете на стихијната креација на занаетчиите и ракотворците, туку сè повеќе е резултат на јасно дефинирани дизјнерски и маркетинг активности кои го создаваат имиџот, промовираат и презентираат градот, со цел на подолги патеки да се изгради и создаде бренд на Град Скопје. Големото Јаболко (Њу Јорк), Златната Прага (Прага), Градот на седумте ридови (Рим), се само мал дел од убавите примери на јасно изграден бренд за градот.

Конкурсот е организиран од Здружение на граѓани МАТА – Скопје, со финансиска поддршка на Град Скопје - Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации